После 14 месеци, организирани над 100 свадби во изминатите два дена

Објавено на 7 јуни, 2021 во 13:46

Независната угостителска комора денес објави дека по пауза од 14 месеци, во првиот викенд после опуштањето на рестриктивните мерки, биле организирани над 100-тина свадби, односно прослави со посебни протоколи. Тие наведуваат дека се одржуаат свадби и другите веселби и прослави низ Македонија наспроти, како што истакнуваат многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи.

Инаку НУК формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија за да може да се исполнат барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби. Во текот на денот од страна на комисијата на НУК ќе биде направена првата физичка проверка и ќе биде издаден официјално првиот сертификат и безбедносен печат SAFE TRAVELS за членките на НУК.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.