Претежно облачно со повремен локален дожд

Објавено на 23 ноември, 2021 во 09:47

Времето денеска претежно облачно, со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утре и во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а ноќта кон петок и за време на викендот под влијание на влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.