Пристигнува нова количина на вакцини, имунизацијата ќе продолжи по празниците
Дополнителна количина од 10.000 вакцини од „Фајзер“, пристигнаа вчера во нашата држава. За време на празниците треба да стигнат и вкупно 200.000 кинески вакцини кои ќе бидат сместени во ладна соба во Здравствен дом „Јане Сандански“.
-Се надевам дека со забрзаната вакцинација којашто ни следи после Велигден кога кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани согласно бројот на пријавени во регионите во местата за вакцинација ќе ја смени сликата за епидемијата кај нас, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Досега вакцинирани се 53.193 граѓани додека на веб страницата, вакцинација.мк, пријавени се 203.047. Во моментов имунизацијата се одвива во најдобар ред, во тек се и подготовките за масовна вакцинација која ќе започне по велигденските празници на регионалните пунктови.