Променливо облачно и студено време
Објавено на 2 февруари, 2022 во 09:36
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови.
Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.