Променливо облачно и засилен ветер
Објавено на 11 ноември, 2022 во 09:15
Променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.Дневната температура утре ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.