Променливо облачно со повремен локален слаб дожд
Објавено на 12 декември, 2022 во 09:22
Времето денеска променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Во среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег.
Од четврток ќе има значителен пораст на температурите.