Пронајдени марихуана, хероин и таблети во дом во Велес
Објавено на 13 октомври, 2021 во 15:46
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес,вчера, 12 октомври, во 19:15 часот, го лишеле од слобода триесет и пет годишниот К.Р од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и таблети.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.