Репризно прикажување на претставата “Госпоѓица Јулија“ во Дом на култура Кавадарци

Објавено на 18 октомври, 2021 во 13:32

“Госпоѓица Јулија“ е натуралистичка драма од авторот  Аугуст Стринберг, која е посветена на социјалните разлики, страста и борбата меѓу половите. Жанровски претставата е драма чијшто текст е напишан за да се создаде поцелосна илузија на стварноста пренесена во театарот. Претставата е во режија на Микица Илова.


Во “Госпоѓица Јулија“ играат Викторија Чочева, Сашко Орешков и Анета Мишева, како и членови на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“. Костимограф на претставата е Сара Милевска, техничката поддршка на Диме Темков, тонот и светлото на Пепи Ангелов, кореографијата на Методи Глигоров додека инспициент- суфлер е Микица Илова.

Претставата е за посетители кои имаат или се постари од 16 години и не се препорачува зa помлади лица.

Прикажувањето на претставата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за Ковид-19 како што се влез во салата само со Сертификат за примена вакцина или со потврда за прележан Ковид – 19 до 45 дена. Бројот на присутна публика е ограничен на 50 отсто од предвидениот простор во салата.

Поради пандемијата, претставата започнува точно во предвидениот час.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.