Се преминува на работа преку хартија, додека ФЗОМ не ги реши техничките проблеми со софтверот

Објавено на 10 февруари, 2023 во 11:49

Се преминува на работа преку хартија, додека траат сите проблеми со софтверот на ФЗОМ. Ваква одлука беше донесена вчера на седницата на Управен одбор на ФЗОМ .

„На вчерашната седница на УО на ФЗОМ е донесена одлука да за сите проблеми со порталот на фондот,ќе се премине на работа преку хартија до отстранување на техничките проблеми со софтверот. За ортопедски помагала, за комисиски решенија, упати и рецепти, прегледи кај матичен доктор – тоа се функционира“, информира, д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари.

Дополнително, од денес нема веќе и закажување за нега од трето лице. Од понеделник по ново, додаде Чолакова Дервишова.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.