Снежна покривка од 76 сантиметри на Попова Шапка

Објавено на 30 јануари, 2023 во 09:21

Во повеќе градови и населени места, како и на планините утрово беа измерени минусни температури. Најниска беше температурата на Попова Шапка -12 степени, во Маврови Анови беа измерени -7 степени, во Берово и Крушево -6, во Дебар -4, во Струмица и во Охрид -3, во Прилеп, Претор и Крива Паланка -2, во Битола и Виница -1, во Куманово, Штип и Тетово 0 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец еден степен, во Демир Капија, Дојран и Гевгелија два степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 76 сантиметри, во Маврови Анови 16, во Лазарополе 10, во Крушево шест и Ѓуриште три степени.

Утрово на повеќе места е значително облачно, а делумно намалена облачност има во јужните делови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.