Со музика и изложба на дела ќе се затвори меѓународната „Ликовна колонија Михајлово“ Кавадарци

Објавено на 26 август, 2021 во 11:23

Со музички дел на рок групата „Лексикон“ од Кавадарци и изложба на дела ќе биде затворена Меѓународната „Ликовна колонија Михајлово“ Кавадарци 2021.

Затворањето ќе се одвива според протоколите воведени за заштита од коронавирусот. Присутните ќе мора да покажат сертификат за примена најмалку една доза на вакцина, потврда за прележан Ковид-19 до 45 дена. Бројот на публиката ќе биде до 30% од предвидениот простор.

Меѓународната „Ликовна колонија Михајлово“ Кавадарци 2021, е во организација на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ . Затворањето ќе се одржи во Хотел „Ангропромет – Тиквешанка“ во петок, 27 август, со почеток од 21:00 часот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.