Сончево и релативно топло време
Објавено на 31 октомври, 2022 во 09:24
Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 11 степени, а дневната од 20 до 27 степени.
Времето и утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер.