Сончево и топло, од среда локални врнежи од дожд
Објавено на 16 мај, 2022 во 09:24
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре кон крајот на денот во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, а дневната температура ќе се намали.
Од среда до петок ќе дува засилен северен ветер.