Сончево и топло време
Објавено на 15 јули, 2022 во 09:19
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
За време на викендот наместа ќе има зголемена облачност. Во сабота температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови.
Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.