Сончево и топло, за време на викендот дожд
Објавено на 13 мај, 2022 во 09:43
Времето денеска сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе биде зголемена и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.