Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Објавено на 14 јуни, 2022 во 09:14

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ ќе изнесува 7.
Во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето, освен во петок кога повторно се очекува попладневна нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи.
