Сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд
Објавено на 7 јуни, 2022 во 09:11
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. УВ ќе изнесува 7.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање.