Сообраќајот на патот Блаце-Скопје пренасочен по околни патишта

Објавено на 7 ноември, 2022 во 08:47

Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4, делница Блаце – Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.