Спасовски: Над 120 автобуси се проверени, истрагата во ЈСП е во тек
Објавено на 19 октомври, 2022 во 13:50
По добиената закана за поставена бомба во автобус ЈСП „Скопје“, проверени се над 120 автобуси во кои нема ништо и тие се пуштени да функционираат, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски изјави дека очекува во текот на денот истрагата да биде завршена целосно и во ЈСП „Скопје“.
– Во тек е истрагата во однос на дојавата, испратениот мејл од вработен од ЈСП „Скопје“. Лицето е приведено и со него работат надлежните служби, а паралелно трае и антитерористичката проверка. Состојбата е под контрола, истрагата тече, ќе се обезбедат сите потребни докази што се во овој дел и понатаму ќе информираме, изјави министерот Спасовски.