Стабилно и сончево време со постудени утра
Објавено на 12 септември, 2022 во 09:13
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во текот на работната седмица ќе се задржи стабилно време со постудени утра, до утре со пониска дневна температура.
Од среда дневната температура температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.