Стрип центар на Македонија- Велес го враќа стрипот во печатените медиуми

Објавено на 9 септември, 2021 во 18:24

Со купување на саботното издание на весникот „НОВА МАКЕДОНИЈА“, на 11 септември, љубителите на стрип уметноста ќе имаат можност да го прочитаат Стрип каталогот што го подготви Стрип центар на Македонија- Велес .

Каталогот е производ на проектот “СТРИП КАМПАЊА -МАКЕДОНИЈО, ЗЕЛЕНА ПАК ЌЕ БИДЕШ“ имплементиран од страна на Стрип центар на Македонија-Велес а финансиски поддржан од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија-Скопје .

Каталогот  содржи стрипови на тема„ Екологија “ подготвени од млади автори од повеќе градови на државата како и податоците за  проектот, организаторот и финансискиот поддржувач на овој проект.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.