Грци чекаат во колона за бесплатна храна
Објавено на 21 ноември, 2012 во 16:54
Кујната на архиепископијата нуди 10.000 порции дневно, кои се приготвуваат со помош на 4.000 доброволци.
Од архиепископијата во Атина соопштуваат дека за скоро две години бројот на граѓанит кои доаѓале за храна во бесплатната кујна, која е организирана од црквата, е двојно зголемен. Корисници на услугата се воглавно Грци.
Оваа година грчкото Министерство за земјоделство ќе им подели прехранбени производи во вредност од 23,5 милиони евра на 800.000 сиромашни граѓани во целата земја. Сите производи кои ќе бидат поделени се произведени во Грција, а се предвидува во иднина да се дава и облека.
