Гром удри во авион!
Објавено на 29 ноември, 2012 во 13:17
Подгоричкиот весник „Дан објави вистинска драма која се одвивала во авионот на „Кроација ерлајнс” на летот Загреб-Подгорица, во кој удрил гром.
Патниците кои седеле до прозорите го виделе громот како удира во авионот, а одма потоа почуствувале силни турбуленции и голем пламен.
Екипажот се обидувал да ја смири паниката, врисоците и детскиот плач, пилотот веднаш одлучил авионот да го спушти принудно на аеродромот во Дубровник.
Патниците со автобус биле префрлени до Подгорица, бидејќи мајсторите утврдиле дека леталото не е во состојба да го продолжи летот.
