Борут Пахор, трет претседател на Словенија!
„Нема проблеми кои заедно не можеме да ги решиме“ рече Борут Пахор веднаш по изборот за нов претседател на Словенија. Тој, вчера во вториот круг на изборите за претседател во Словенија, освои 53, 9 отсто додека неговиот ривал доскорешниот претседател на државата Данило Тирк освои 46,1 отсто од гласовите на избирачите. Како што соопшти Државната изборна комисија овие претседателски избори имаа катастрофално лош одзив бидејќи до 19 часот не гласале ни третина од граѓаните со право на глас во Словенија.
Пахор е трет словенечки претседател од кога оваа бивша југословенска република стана самостална. Националната изборна комисија на Словенија соопшти дека до затворањето на гласачките места гласале вкупно 550.000 граѓани или 32,12 отсто од гласачкото тело.
