Се самоуби,синоќа, амбасадорот на Србија во НАТО, Бранислав Милинковиќ!
Објавено: 5 декември, 2012, во 09:33 часот
Самоубиството се случило на меѓународниот аеродром во Брисел. Милановиќ скокнал од паркингот каде бил заедно со помошникот министер за надворшени работи на Србија, Зоран Вујиќ, одговорен за одделот за безбедносна политика.
Српските медиуми кои ја објавија веста не ги соопштуваат мотивите.
Пртходно, пред да биде назначен за амбасадор во НАТО, Милинковиќ бил амбасадор на Србија и Црна Гора во ОБСЕ во Виена, а потоа и специјален пратеник во седиштето на НАТО.
Милинковиќ бил женет и татко на малолетен син. И сопругата му била долгогодишен дипломат а во моментов работела во мисијата на ОБСЕ во Виена.
