Поддршка за влез на Македонија во НАТО!

Објавено на 7 декември, 2012 во 10:33

На Министерскиот состанок во Даблин, министерот Поповски, лобираше кај американската државна секретарка и колегите на неколку европски држави.

Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски побара поддршка за влез на Македонија во НАТО од американската државна секретарка Хилари Клинтон.

На Министерскиот состанок во Даблин, Попоски оствари средби со повеќе свои колеги, меѓу кои со државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, со министерот за Европа на Обединетото Кралство – Дејвид Лидингтон, со Марта Дасу заменик министер за надворешни работи на Италија и Франс Тимерманс министер за надворешни работи на Холандија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека Поповски на средбата со  Клинтон се осврнал  на стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД и на потребата од што поскорешен прием во НАТО организацијата. Министерот се осврнал  и на актуелните состојби во Регионот.

За  време на разговорите со европските соговорници Поповски побарал и нивна конкретна поддршка на претстојниот Европски Совет.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.