Почна примената на договорот за премините меѓу Србија и Косово!

Објавено на 10 декември, 2012 во 12:40

Примената на договорот меѓу Белград и приштина за интегрираното управување со премините Мердаре и Јариње почна утрово, објави Радио Канал 77.

Иако работите на интегрираниот премин кај Јариње сé уште не се завршени, преминот е отворен, каде нема никакви државни симболи. Преминот бил отворен 30 минути подоцна од предвиденото, затоа што припадниците на ЕУЛЕКС не дошле на реме. Припадниците на српската полиција и на ЕУЛЕКС од утрово се на една локација, а меѓусебно се оддалечени десетина метри. Портпаролката на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ, смета дека интегрираните премини се за доброто на сите граѓани.

„Ние сме презадоволни со имплементацијата на постоечката спогодба меѓу Белград и Приштина. Како и секогаш, ЕУЛЕКС ги поддржува сите договори кои Белград и Приштина  се подготвени да ги спроведат, и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“, вели Гудељевиќ за Танјуг. Вели дека ЕУЛЕКС има царина и полиција на премините и врши контрола. Примената на спогодбата почнала утрово со контрола на едно патничко возило со косовскомитровечки таблички, кое од правец на Рашка дошло на Јариње околу 9 часот, меѓу северот на Косово и централна Србија. На интегрираниот премин има шест контејнери во кои се наоѓат припадниците на полицијата на Србија и ЕУЛЕКС, а работниците на Електродистрибуција, синоќа го завршиле осветлувањето. Работите на инфраструктурата на Јариње ќе биде готова за пет дена, а беше запрена деновиве поради протест на Србите од северот на Косово. И административниот премин Мердаре отворен е утрово во осум часот, каде инфраструктурата е завршена пред два дена. Исто така, на Мердаре нема државни симболи, а таму се наоѓаат српски и косовски полицајци и цариници, како и службеници на ЕУЛЕКС. Премините работат, нема метеж, а граѓаните се задоволни од брзината со која ја поминуваат границата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.