Мнозинството Словенците ги поддржуваат протестите!
Објавено на 10 декември, 2012 во 12:54
Протестите кои во последните неколку недели се одвиваат по словенечките градови целосно ги поддржуваат 53 отсто од граѓаните, делумно ги поддржуваат 33 отсто, а 14 отсто изрично се противат, објави Радио Канал 77.
Ова се резултатите од телефонската анкета, што во понеделникот ја објави влијателниот весник „Дело“. Според анкетата, во која учествувале 403 испитаници, протестите против политичките и бизнис елити на локално и државно ниво и против мерките на штедење што ги донесе владата, најголема поддршка имаат кај младите
испитаници, а најмала кај лицата над 65 години. Анкетата покажала и дека жените помалку ги поддржуваат овие протести, за разлика од машкиот пол.
