Почина најстариот жител на планетата!
Објавено на 18 декември, 2012 во 15:47
Дина Манфредини имаше 115 години и само пред тринаесет дена беше прогласена за најстар жител на планетата.
Родена во Италија, a почина во старски дом во Ајова во САД. Според Гинисовата книга на рекорди, Дина Манфредини била домаќинка и ги одгледувала децата. Потоа се вработила како хигиеничарка и помошничка во приватни домови. Работела се додека не наполнила 90 години.
По смртта на Манфредини, најстар човек на светот сега е Јапонецот Џироемон Кимура кој исто така има 115 години.
