Илјадници чавки, синоќа, го окупирале Сараево!

Објавено на 20 декември, 2012 во 16:00

Граѓаните од населбата Отока, се исплашиле.

Неколку илјади чавки, синоќа, ја окупирале населбата Отока во Сараево. Сараевчани синоќа биле затекнати од глетка како во филмот „Птици“ на Хичкок, објави www.Kliks.ba.

Птиците ги имало насекаде, на покривите на зградите, на улиците, на бандерите, жиците, трамвајските шини. По полноќ како голема црна наметка да се спуштила на овој дел од Сараево. Птиците дошле наеднаш, во големи јата и ја окупирале секоја педа од Отока.

Глетката ги вознемирила случајните минувачи за кои воопшто не било едноставно да минуваат покрај толку многу птици. Редици од чафки стоеле и на жиците на далеководите. Нив не ги попречил снегот и лошото време за да се спуштат на коловозот на улиците додека возачите во автомобилите се обидувале да ги избегнат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.