Штрајк на јавниот транспорт во Атина!

Објавено на 20 декември, 2012 во 16:09

Граѓаните, денеска, се соочија со огромни проблеми во главниот град на Грција.

 

Едвај денеска успеаја да стигнат до работните места граѓаните на Атина. Штрајкот на секторот на јавниот транспорт во главниот град на Грција им создаде огромни проблеми. Вработените во железницата и метрото објавија дваесет и четири часовен штрајк, незадоволни од острите мерки на штедење кои ги спроведува владата.  Грција шеста година по ред се соочува со рецесија, но и покрај тоа владата во Атина мора да спроведе нови мерки на штедење, во замена за финансиската помош со која го избегнува банкротот. Вкупниот пад на економското производство се очекува да достигне 25 отсто, бројка која се споредува со големата економска криза од триесеттите години на минатиот век.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.