Суботица: Градот ќе им помага на граѓаните да ги вратат кредитите!
Градскиот совет усвои одлука со која ја презема отплатата на стамбените кредити за граѓаните кои останаа без работа.
Ова поволност ќе можат да ја користат се додек граѓаните со стамбен кредит не најдат повторно работа.
Градскиот совет смета дека во услови на економска криза, по начелото на солидарност, воведува помош за лицата-корисници на станбен кредит кои поради невработеност се оневозможени уредно да ги отплаќаат ануитетите на станбените кредити одобрени од комерцијалните банки.
Сега овој предлог треба да го поддржи и мнозинството во Собранието на градот по што обврската привремено ќе се преземе за корисниците кој ќе ги исполнат условите од најмногу две години, но ќе им остане обврската штом се вработат да ги вратат средствата на Фондот, објави www.b92.net.
