Во Грција, се судрија демонстранти и полицијата!

Објавено на 21 декември, 2012 во 09:47

Нема уапсени а повредени се четворица полицајци.

Гневни  трговци кои се обиделе да ги избегнат даночните инспектори во своите објекти се судрија денеска со полицијата во Атина.

Од полицијат за Ројтерс изјавиле дека инцидентот го истакнува отпорот кон владата која се залага за зголемување на даноците. Четворица полицајци се хоспитализирани со полесни повреди откако група од 50 демонстранти фрлале камења и два молотови коктели врз нив.

Нема уапсени демонстранти. Даночните инспектори почнале да ја спроведуваат контролата по добиени информации дека трговците продаваат производи без да издаваат фискални сметки.

И претходно полицијата еднаш интервенирала при ваква контрола на даночната инспекција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.