Словенија со прво сенародно востание!

Објавено на 21 декември, 2012 во 19:06

Граѓаните масовно излегоа на улични протести .

Илјадници Словенци вечерва ги наполнија плоштадите во градовите незадоволни од економската состојба и од политичката елита во земјата. Така ја започнаа новата рунда улични демонстрации.  Незадоволните граѓани извикуваа  „Доле криминалците, доле диктатурата. Јанез дојди и погледај не!“

Организаторите, овие протести ги нарекуваат „Прво сенародно востание“ против корупцијата, алчноста и неспособноста. Главна цел им е премиерот Јанез Јанша но, не се поштедени ниту останати политичари, „леви и десни, во парламентот, во владата или во опозиција“.

Околи 10 илјади луѓе, вечерва, се собраа на Конгресниот плоштад во Љубљана. Немаше нереди и судири со полицијата.

Протести се одржаа и во Марибор, Птуј, Горица и во други градови ширум Словенија. Граѓаните се организираат преку социјалните мрежи. Протестите не и беа пријавени на полицијата.  Протестираат  сите, уметници, музички ѕвезди, но и ветерани од војната за независност со транспаренти во раце на кои пишуваше „За ваква Словенија ние не се боревме“.

Демонстрации се најавени и за во сабота. Тие ќе се одржуваат истовремено со свечната заклетва на новоизбраниот претседател на државата Борут Пахор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.