Ново пукање во САД: четворица мртви, меѓу кои и напаѓачот!
Убиените се тројца мажи и една жена.
Четири лица, денеска, загинаа во престрелка а меѓу нив и човекот што почнал да пука во сојузната американска држава Пенсилванија. Како што објави Асошиејтед прес во инцидентот, во општината Френкстаун, се повредени и тројца полицајци. Убиените се тројца мажи и една жена.
Напаѓачот дивеењето го почнал со пукање во една жена што украсувала црква за детска божиќна забава, изјавил братот на свештеникот од црквата.Тој бил идентификуван како Џефри Ли Мајкл од Холидејсбург, гратче во истиот округ. Ли Мајкл , влегол во црквата и ја убил жената, а потоа застрелал друго лице пред црквата и избегал од местото на настанот во пикап-камион. Бидејќи се судрил со друг автомобил го убил и возачот на автомобилот кој учествувал во сообраќајката.
Потоа по пат ранил уште тројца полицајци, но на крај бил убиен од еден од нив. Здравствената состојба на полицајците не е критична.
