Пахор положи заклетва!
Објавено на 22 декември, 2012 во 22:40
Словенија доби нов претседател.
Борут Пахор положи заклетва како нов претседател на Словенија и се обврза да го штити уставниот поредок на својата земја за која ќе работи најдобро што може.
Пахор е четвртиот претседател на Словенија, има 49 години и досега е најмладиот претседател. Единствено нему досега му успеало да стане шеф на државата откако бил премиер (од 2008 до 2012) и претседател на парламентот (од 2000 до 2004), објави Блиц.
Една од првите задачи на Пахор на новата функција ќе биде именување нов заштитник на човековите права, бидејќи мандатот на сегашниот правобранител му завршува за неколку недели.
Борут Пахор на чело на Словенија ќе биде следните пет години.
