Кинезите сакаат да го градат каналот Д-М-В!

Објавено на 23 декември, 2012 во 17:43

Министерството за природни ресурси на Србија започна да собира документи за подготовка на просторен план  со посебна намена за пловниот канал Дунав – Морава – Вардар.

Проценетата вредност на инвестицијата за изградба на каналот изнесува од 15 до 17 милијарди долари, а само за изградбата на каналот низ Србија би требало да се обезбедат од 10 до 12 милијарди долари. Сепак проценката не е нова туку неа ја направиле експерти во седумдесеттите години на минатиот век.

Според министерот Милан Бачевиќ, станува збор за канал поголем од каналите Рајна – Мајна или Сена – Рона или Одра – Висла бидејќи со каналот Дунав – Морава – Вардар сите пловни сретства ќе се поврзат од Морава преку Дунав и Вардар до солунскиот залив во Егејското море.

Министерот рече дека на изградбата на каналот ќе бидат активирани сите расположливи капацитети со кој располага Србија како и дека за кратко време би се отвориле неколку стотини илјади работни места.

Бачевиќ соопшти дека за инвестирањето во овој проект веќе разговарал со раководството на една кинеска компанија,без да и го открие името, како и дека се разговара со американски компании од Илионис. Интерес за овој капитален објект, не само за Балканот туку и пошироко, покажала и Германија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.