Новогодишно капење во Балтичко Море!
Објавено на 2 јануари, 2013 во 11:03
Со традиционално капење во Балтичкото море, годинава, осумдесет луѓе ја дочекаа Новата година кај градот Истад во Шведска.
Жителите на Истад заедно со туристи, во вторникот, влегоа во студената вода на морето кое имаше температура од само 5 степени Целзиусови.
Капењето во студената вода на Балтичкото море се организира по осми пат на иницијатива на локална граѓанска асоцијација која се обидува да го обнови зимскиот пливачки павиљон.
Во Шведска вакви пављони постојат во повеќе градови.
Фотографиите ја покажуваат храброста на локалното население и туристите кои одлучија да бидат дел од традицијата на градот Истад.
