Фараџ: “Не за Бугарија и Романија“!

Објавено: 9 јануари, 2013, во 07:52 часот

“Неодговорно и погрешно е да се отворат границите на Велика Британија за Бугарија и Романија“ смета лидерот на евроскептичката партија на независноста (БПН), Нејџел Фараџ.

Тој за медиумите во Британија изјавил дека не треба да биде споредуван со премиерот Дејвид Камерон и лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд, и дека за разлика од нив „ тој бил на работа цели 20 години“.

Фараџ изјавил дека неговата партија е и против проектот за високобрза железничка линија Ејч Ес 2.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.