Расте бројот на заболени од свински грип во БИХ!
Епидемиолозите во Босна и Херцеговина, од минатата недела до денеска, открија три нови случаи на болни од свински грип и очекуваат појава на епидемија од оваа болест, пренесе сараевски „Дневни аваз“.
„Инфекција со вирус на грип е потврдена кај пет пациенти. Три случаи се инфицирани со вирусот на свински грип H1N1 и во два случаи со вирусот на грип A H3N2,“ рече Марија Зељко епидемиолог во Заводот за јавно здравје на Федерацијата БИХ.
Зељко истакна како сезоната на грип штотуку почнала па затоа во наредните недели се очекува да расне бројот на болни меѓу кои и со заразниот H1N1.
„Очекуваме поголем број на болни од вирусот на свински грип бидејки граѓаните немаат создаден имунитет кон овој вирус,“ рече Зељко.
Претходно, епидемиолозите оценија дека постои висок ризик од ширењето на грипот во БИХ бидејќи мал е бројот на граѓани кои се вакцинираат иако навреме се обезбедени и вакцините за вирусот од свински грип.