Ќе се затвори железничката станица во Загреб!
Во првите десет дена од февруари нема да работи главната железничка станица во Загреб. Како што најави директорот на Инфраструктура во Хрватски железници, Дарко Перичиќ за порталот Poslovni.hr. сообраќајот и транспортот на луѓе ќе биде во прекин поради поставување на нови сигнално сигурносни уреди вредни 12,6 милиони евра.
Сите 80 000 патници кои секојдневно ги користат услигите на главната железничка станица во Загреб, од 1 до 10 февруари, ќе бидат пренасочени на Западната железничка станица и на станицата во Максимир.
„Возовите кои ќе пристигнуваат во Загреб од Љубљана, Сплит и Риека, ке застануваат на Западната железничка станица додека патниците од правецот на Винковци, Осјек и Копривница ке застануваат на Максимир. Градското јавно сообраќајно претпријатие ке ги превезува патниците до центарот на Загреб,“ рече Перичиќ.