Скопје после Сараево е најзагаден град во Европа!

Објавено: 19 јануари, 2013, во 10:06 часот

Истражувањето се однесува на мерењата направени во 2008 година.

Во Македонија истражувани се градовите Скопје, Тетово, Велес, Кочани и Битола. Скопје и Тетово се градови кои имаат релативно високо ниво на честички, (PM10). Така во Скопје, воздухот има 80 микрограми честички на метар кубен, додека во Тетово, бројката е 84. Овие градови се во групата средно ризични.

Велес, иако важеше за град со најголема загаденост на воздухот, сепак во последниот период има намалување на загадувањето за некој процент, што е позитивен чекор напред. Во овој македонски град, нивото на загаденост е 64 микрограми на метар кубен, во Кочани, 59, додека во Битола, 66. Спаѓаат во групата на средно загадени.

Најзагаден град на Балканот е Сараево, со 117 микрограми во метар кубен, што го сместува во последната група, на највисоко ризични и загадени градови.

Најголемиот број на градови во Западна И Северна Европа спаѓаат во првите групи, на незагадени и малку загадени градови. Така, Штутгард е со 28 микрограми на метар кубен, Прага со 27, Амстердам со 24, Манчестер со 20.

Во светот најзагадени се градовите на Индија, Арапските земји, Блискиот Исток, Сирија, Авганистан и други. Така, Кувајт Сити е со индекс 112, Абу Даби, 117, Ал Хафур – 151, Дамам – 121.

Светската здравствена организација предупредува дека изложеноста на честички го зголемува ризикот од многу хронични и акутни респираторни заболувања кај децата и возрасните. СЗО за подобрување на квалитетот на воздухот укажуваат на насоки на делување за намалување на честичките на  загадување. Со мерките кои ќе ги преземат градовите и намалување на количината на честичките на загадување од 70 до 20 микрограми на метар кубен, може да се намали процентот на смртни случаи за околу 15%.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.