Обама положи заклетва, утре инаугурација!

Објавено: 20 јануари, 2013, во 20:35 часот

Пред претседателот на Врховниот суд и судијата Џон Робертс, претседателот на САД Барак Обама положи заклетва за втор мандат на претседателската функција. Американскиот претседател беше придружуван од семејството.

Утринава заклетва даде и потпретседателот Џо Бајден. Тој се заколна во неговата резиденција во Џорџтаун, пред судијката Соња Сотомајор, една од судиите на Врховниот суд именувани од страна на Обама.

Заклетвата се дава на 20 јануари, согласно Уставот на САД, но кога овој датум се паѓа во недела, големата свечена инаугурација се одложува за наредниот ден.

Затоа Обама утре уште еднаш ќе ја даде заклетвата, во големиот собир на западната страна на Капитолот, во центарот на Вашингтон, кога се очекуваат да присуствуваат околу 600.000 граѓани што е далеку под 1,8 милионскиот собир за време на првата инаугурација на Обама во 2009 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.