Опаѓа интересот за ЕУ кај Србите!

Објавено: 30 јануари, 2013, во 09:02 часот

Србите не се расположени за влез во Европската унија.

Најновото истражување покажува дека само 41 отсто од граѓаните на Србија се за влез на нивната земја во унијата, пренесува Макфакс.

 

Истражувањето од крајот на минатата година било спроведено за потребите на Канцеларијата за европски интеграции на српската влада, и покажува дека во втората половина на 2012 година е забележан значителен пад на евроентузијазмот во однос на првата половина во годината, бидејќи во јуни изнесувал 49 отсто, односно цели осум проценти повисок, пишува во вторникот белградскиот дневен весник Данас.

„Постојаното поставување нови услови за добивањето датум за почетокот на преговорите и инсистирањето дека Србија треба да направи отстапки се најважните причини за падот на таа поддршка”, тврди Милован Дрецун, пратеник од владејачката Српска напредна партија (СНС)и претседател на парламентарната комисија за Косово и Метохија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.