Германците на факултет без партиципација!
Објавено: 31 јануари, 2013, во 23:02 часот
Партиципацијата на факултетите во Германија е на пат да бие укината откако противниците на школарината ја принудија власта да распише референдум.
Властите во седум од 16 германски провинции започнале да ја воведуваат партиципацијата на универзитетите во последната деценија, но подоцна сите освен две, ја прекинале таквата пракса. Во една од тие две провинции неодамна избраната нова власт од левиот центар ветила дека ќе ја укине партиципацијата.
Баварската влада која припаѓа на десниот центар е поделена околу ова прашање. Овде голем број граѓани потпишале петиција за распишување на референдум по тоа прашање. Резултатите од анкетата покажале дека поголем број од граѓаните биле против партиципација.


