Штрајкуваат грчките новинари!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 08:38

Грчките новинари вработени во државните и локалните медиуми од денеска стапија во 24-часовен штрајк кој го организира Сегрчката федерација на новинарски синдикати.

Штрајкуваат вработените во државната радио-телевизија ЕРТ, во државната новинска агенција, генералниот секретаријат за информации, во повеќе радио станици, а нема да работи ниту собранискиот телевизиски канал.

Синдикатите бараат потпишување на колективни работнички договори, да запрат отпуштањата, како и заштита на независноста на новинарите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.