Испратени специјалци во Пиреја за да го разбијат штрајкот на морнарите!
Објавено: 6 февруари, 2013, во 16:39 часот
Со цел да се стави крај на штрајкот на морнарите рано утринава специјални полициски единици за борба против демонстранти биле испратени во најголемото грчко пристаниште Пиреја.
Морнарите штрајкуваат една недела.
Исто толку време е блокиран превозот со траекти до повеќе острови во југот на Грција.
На овој начин треба да се спроведе наредбата на грчката Влада која се обидува преку ретко применуваните прописи за вонредни ситуации да ги врати штрајкувачите на работа.
Морнарите протестира против реформата која им дозволува на сопствениците на траектите да одредуваат број на членови на екипажот во зависност од должината на патувањето.
