Рио од еден поинаков агол!

Објавено: 12 февруари, 2013, во 11:00 часот

Рио де Жeнеиро – Ова е живот на големи контрасти.  Дење Дијана Прадо е надзорничка  во осигурителна компанија во центар за повици со пригушенa светлина и сини кабини.

Но кога ќе падне ноќта, таа заслепува со оскудната облека  како танчарка во училиште  за самба, со врвната изведба, доволно блескава  за  холивудски мјузикл.

Како многу самба танчери или „пасисти“ како што ги нарекуваат во Португалија, 26 годишната девојка го троши времето помеѓу пердувите, сликањето на телото, минималните карневалски бикини и секојдневната работа во канцелариската реалност на слушалки и кабини.

Додека пасистите несомнено се врвна атракција на најколоритната карневалска прослава на светот која е во тек во Рио де Жанеиро, тие не се платени од училиштата за самба што ги претставуваат.

Па, кога не пробаат или ги вежбаат  извајаните тела, многу пасисти работат како секретари, продавачи или слуги.

„Станувам, трчам на час по танцување, одам на работа, потоа одам на проба и паѓам во кревет“, рече Прадо во нејзината канцеларија облечена од глава до петици како жена со кариера во маслинеста лежерна облека, со беж џемпер и наочари со темни рамки. Нејзините нокти, премачкани со акрилни бои и златни точки што блескаат додека пишува на тастатурата се единствениот видлив знак на  двојниот живот.

„Во трката со карневалот е прилично хаотично. Не спијам многу од септември до сега“, вели таа.

Пробите што се одржуваат неколку пати неделно почнуваат доцна навечер и честопати  траат до раните утрински часови, а овде се и забавите и другите настани на  кои таа и другите пасисти  попатно се појавуваат.

Потоа, тука се нејзините ригорозни вежби за убавина што одземаат време, диетите, депилацијата, маникрот и надградбата и третманот на коса.

Прадо проценува дека за да изгледа блескаво во целост, месечно троши најмалку 150 долари./Н.Р

 

Извор: Tri City Herald

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.