Швајцарски Коп откри коњско месо во лазањи!
Објавено: 13 февруари, 2013, во 18:50 часот
Трговскиот ланец Коп (Coop) открил коњско месо во лазањите кои ги произведува француската компанија Комижел и која се наоѓа во центарот на европскиот прехрамбен скандал.
„Во овој момент не можеме да кажеме колкава е количината на коњското месо во лазањите,“ рече портпаролот на Коп.
Групацијата Коп, денеска, издаде соопштение во кое наведе дека се одлучила на независни истражители и покрај загриженоста дека производите кои се означени дека имаат говедско можат да имаат коњско месо. Оваа компанија која има продавници само во Швајцарија вчера соопшти дека ги повлекува сите пакувања со лазањи на компанијата Комижел.
Извор: Tанјуг
