Авион се преполови при слетување во Украина, загинаа навивачи на Шахтјор!

Објавено: 14 февруари, 2013, во 00:05 часот

Најмалку 5 лица загинале, а 10 се повредени во несреќа кога се распадна при итно слетување  авион кој летал на релација, Одеса-Доњецк заедно со 45 навивачи и членови на екипажот.

 

Турбоплопелерскиот авион Антонов 24 летал како  чартер лет.  Главна причина за несреќата според првичните информации, била густата магла поради што пилотот не можел да ја види пистата.

Во обидот да маневрира, авинот ја изгубил контролата и се распаднал. На местото на несреќата, веднаш пристигнале екипата на брза помош, и противпожарна екипа која ги извлекла заробените патници од авионот.

„Остана уште едно лице заробено, но незнаеме дали е сеуште живо. И понатаму се обидуваме да го извлечеме“- изјавил Андреј Шушатски шеф на регионалната администрација на Доњецк.

Украинските медиуми јавуваат дека станува збор за стјуардеса, која за време на падот се заглавила во задниот дел на авионот.

Поради оваа несреќа натпреварот помеѓу Шахтјор и Дортмунд започна со едноминутно молчење во чест на загинатите жртви од Одеса.

Извор: Хина

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.